Thursday, November 3, 2011

Girl Talk with Coco

Разговор со Коко

   Сигурно веќе се чудите – РАЗГОВОР СО КОКО? Што ли за наслов ќе е ова? Некоја ментална измислица на некој кој халуцинира  или поседување на натприродни сили на човек близок до самиот Бог. А не, далеку од тоа. Ни едното, ни другото. Сега веќе ги подигате веѓите нагоре и си велите ама ајде не извртувај прејди на главното и кажи веќе. Добро, ќе ви кажам. Ја видов. Даа, ја видов , Коко, Габриел или Коко Шанел. Седната, со црн фустан од жоржет кој со нежност го гали столчето, изчистена, елегантна визија, помеѓу устните елегантно седната цигара, а на главата има шешир, симплифициран, самоуверен, смел, со еден елемент  кој ја разбива монотонијата и му дава живот. Ја гледав, ја гледав и и велам: “Мademoiselle  вие ли сте , вистина ли е ова што се разигрува пред моите очи, жива ли сте на оваа сцена? А таа само ми рече: “Fashion fades, only style remains the same!” и така изговорувајќи ги последните гласовни звуци се завлече низ просторот една мисла, колку реална, толку и нереална, човечка или мистична, нешто помеѓу сите оние разиграни актери каде и материјата придоби своја душа, каде колку облечени, толку разголени се придвижуваа силуети. Коко изчезна, а како да не замина никогаш, низ замаглениот воздух од лаковите за коси се појавија уште многу други нејзини одрази. Си ја претресав главата, очите си ги затворив и пак ги отворив. Но, таму беше,на местото каде што ја најдов . Насекаде.

  Што сакам да ви кажам? Сигурно оваа моја приказна ви се стори нереална, недејствителна и плод на бесконечна фантазија. А всуштност таа е самата вистина. Пред една недела бев на семинар за мода каде беа претставени најновите модни тенденции. Сцената изобилуваше со креативност и артистичност. А целата оваа мешавина од различни идеи ми го исполнуваше срцето. Но таму каде всушност ми застана мислата беа точно елегантните визии со белегот на Шанел. И си помислив колку пати  ви се случило да треба да излезете некаде, и вие со скрстени раце  и намуртен поглед ќе се фрлите на креветот со реченицата: Оф, немам што да облечам. Целата оваа комерцијализација на модниот свет не натера да се изгубиме и да заборавиме на она суштинското и важното,она кое е наш белег,кое Коко Шанел постојано го издигнуваше во култ - СТИЛ.  На мода биле  штикли со платформа, па ајде  и ти сакаш такви. Ги носеле сите, а ти како демек си најсиромашниот во друштвото и нема да си ги купиш. Не доаѓа во предвид, мора да ги имаш. Не наоѓаш во нив никаква елеганција, а и толку се високи и неудобни, но ќе одиш, немаш избор. Ќе  лечиш рани после со  фластери, ама нели си шик.Овде веднаш ќе подзастанам и ќе го пуштам гласот на Коко:

“Elegance does not consist in putting on a new dress.
“Fashion fades, only style remains the same.

 И така драги пријатели, нема што повеќе да дрдорам,  Мademoiselle  си кажа се. Бидете  свои, вие создавајте мода , и не дозволувајте таа да ве создаде вас.
Во тишина ви се поклонувам: Mersi, Мademoiselle  Gabrielle Bonheur Chanel!




Sunday, September 18, 2011

Spanish guitar


Шпанска гитара

Го чувствуваш ли шепотот на летото 
на летните бранови со својата дива пенливост 
мирисот на морскиот бриз
ноќите на страсно фламенко.

Бавно е приближувањето кон тебе,
како четка која дава живот на уметничката слика,
како виното црвено
што умее да ги разкрие најдлабоките тајни.

Звуците на шпанска гитара...
Ги разигруваат полу отворените усни,
ги разбудуваат магнетните желби
на страстта и приврзаността.

Секоја нота е како допир,
на магично привлекување со твоите очи ,
со твојата страсна природа,
со твоите неискажани копнежи.

Како мистерија која ќе биде разбудена,
и јас ќе ти шепнам: Те...




photography source: google


Испанска  китара


Чувстваш ли шепота на лятото
на летните бранове с дивата си пенливост
мириса на морският бриз
нощите на страстно фламенко.

Бавно е приближаването към теб,
като четка която дава живот на картината,
като виното червено
което умее да разкрие най дълбоките тайни.

Звуците на испанска китара
разиграват полу-отворените устни,
събуждат магнетните желания
на страстта и привързаността.

Всяка нота е като докосване,
на магичното привличане с твоите очи,
с твоята страстна природа,
с твоите неизказани копнежи.

Като мистерия която ще бъде събудена
И аз ще ти прощептя че Те...


















Monday, August 8, 2011

Wanderer

On the highest mountain
trying to reach
the air of sun in coldest summer.
Teardrops are my waterfalls
with an inventible illusion-
Daydreaming and hope…

Are we or are we not
creatures wasting our precious life,
stepping on already known deserts
drowning into the everyday melancholia,
without a moment of today or a memory from yesterday.


In a search for the voice within
ignoring the freedom above me
I keep on being wanderer through eternity.
The air is cold
but I am looking for something warm.
Closer to my thoughts to find the words
To find the light 
To find a passion for life.

Friday, May 27, 2011

Писмо од бездомникот



Да имаш сè, и наеднаш сè да изгубиш. Да имаш дом, и тој да се претвори во имагинарен сон. Да имаш љубов, и таа да се претвори во омраза. Бидејќи никогаш не е било твое, твое огниште, твое нешто...Постојано да се местиш, да знаеш дека си скитник, а да се чувствуваш како истражувач на пространства. .. Како твоја мисија е да бидеш постојан патник низ времето и пространството. Не припаѓаш никаде, а другите немат кого да изгубат. Можеби е подобро другите да не тагуваат по тебе.  Се што носиш со себе е еден искинат ранец, од кој секојдневно паѓаат твоите соништа. Многу песимистично кажано, но постои ли љубов без болка, или болка без љубов? Постоиш ли ти без твоето бескрајно талкање по смислата на твоето постоење, без вечната потрага на своето вистинско место, вистинска љубов, вистински пријатели, вистинска среќа, вистинска страст за живот...

Повторно ќе одам да градам подалеку од мојата земја, од моето детство, од моите спомени...Се подалеку, но до каде ќе стигнам не се знае. Дали ќе биде вечно, повторно не знам. Прашањата како да се крунисани над мојот живот. Сонувам за денот кога ќе биде свалена таа круна на неизвесното...И повторно да се вратам...во мојот дом, да стапнам на мојата земја, да седнам во дворот зад куќата и повторно да јадам лубеница на летна ладовина...

Многу точки изнаредив драг пријателе, многу празнини ти оставив и не знам дали ќе ме разбереш. Ќе ти ги раскажам во следна прилика. Засега ќе се занимавам со административниот процес,  знаеш ти колку ми е одбивен, си  го намразил и ти неколкупати. Листови со студено зглобени реченици, кои ти го управуваат животот. А понекогаш ти приредуваат трагедија, жанр кој и двајцата избегнуваме да го гледаме, но мораме да останеме пред екранот бидејќи по некоја случајност или причина сме поставени во еден од редовите на кино салата.

Ти пишувам на сред пустина пријателе, но песоктта е мека и златно кафеава, има мирис на море, на летни бранови, на оној ден кога јадев лубеница во дворот... Сончевите зраци допреа на моето рамо. Се свртив назад. Omnia mea mecum porto!Можеби сепак домот со себе си го носам!


Со Љубов,
(Без)Домникот

Saturday, May 14, 2011

Илузија


Беше топол летен ден. Цвеќињата беа расцутени, и нивната арома долетуваше полека до Сенди. Се движеше брзо, но во мислите го запираше времето, како да сакаше да ја вдише секоја  мелодија која природата доброволно ја подаруваше. Асфалтот низ тесната улица по која што се движеше беше жежок и тоа дополнително го забрзуваше ритамот на веќе растрепереното срце. Полека капки пот се појавија на лицето на Сенди, и мораше да седне на една од клупите, за да земе воздух. По неколку вдишувања и издишувања,  продолжи да чекори кон местото на средба. Имаше средба со луѓе кои допрва ќе ги запознаеше. А првите средби секогаш започнуваат со неверојатни немири, со она неизлечиво чувство дека тој прв впечаток ќе ти ја дефинира судбината.  Набрзо се најде во Арт кафето и седна на слободното место до прозорецот. На секое отварање на вратата рефлексивно го подигаше погледот и брзо си ја местеше јаката на кошулата. Погледна во часовникот. Вратата се отвори. Сембри и Тори влегоа во кафенето , каде Сенди веќе ги чекаше. Погледнаа наоколу со надеж да се препознаат помеѓу наоколу наседнатите луѓе. Љубопитните погледи секундарно им се судрија и тие се придвижија кон Сенди. Со насмевка се поздравија и разговорот започна. Сембри и Тори беа сопственици  на Арт-галерија во Париз, каде Сенди сакаше да ги представи своите слики. Сенди беше со срамежлива натура, и овојпат повторно влезе во борба со своите слабости , со она брзо зборување кога сакаш се да кажеш и ти се заплеткува јазикот и остануваш со впечатокот дека говориш безмислици, кимнуваш со главата на одобрување, иако во мислите си велиш: What the hell?, но не смееш да го кажеш за да не излезеш крајно безобразен. Тоа не беше Сенди. Вистинското лице на Сенди пројавуваше најголема сила на изразување во сликите кои ги работеше, само четката повлечена по платното ја раскриваше вистинската страсна природа која се криеше зад слабостта во притаената комуникација со околината.  
Со списанието в раце седев  грб со грб со Сенди. Пиејќи го кафето, намерно или ненамерно го наслушнав разговорот.  Станав крајно љубопитна, нешто се случуваше на таа маса, помеѓу овие луѓе и јас добив бескрајна желба да ги раскријам. Сембри имаше наклонетост кон Сенди, тонот на неговиот глас ја имаше бојата на почеток на емоционално поврзување, и беше воодушевен од експресијата во сликите. Тори од друга страна беше од оние луѓе кои постојано мрмкаат и секогаш се стремат самоуверено да се издигнуваат над толпата, кои имат секогаш што да кажат и  ја сметаат човечката природа за грешна и на која и е потребна постојано реновирање. Тој сметаше дека композицијата на сликите има хаотичност и не е доволно јасна, а тоновите  имаат преголема светлина. Всуштност тој не беше доволно емоционален за да ја разбере перфектността во човечкото грешење, во недоискажаното и премолченото.
Драги пријатели, Сенди не е ниту маж, ниту жена, тоа е човекот- НИЕ. Ние , неуморните талкачи по бескрајна наклонетост од окoлината, заробени во играта со првите впечатоци, во оценките кои другите ни ги даваат нам. На цената да бидеме различни од самите нас. Во постојано бегство од својата суштност, од нашата грешна природа. Каква е оценката која си ја даваме ние за нас самите? Или е таа повторно основана на мислењето на другите. Секогаш ќе постојат луѓе на кои ќе бидеме драги или помалку драги, некои кои ќе не сметаат за убави, помалку убави, паметни или помалку паметни. Но, се додека работите на слика во која туѓи прсти се замешале, ризикувате да добиете само чкртаници по платното.
Бидејќи совршеността  на едно дело е во невозможността   докрај да биде предадена неговата вистинска творечка моќ. А таа емоција ја поседувате вистински само вие.

Friday, April 29, 2011

Потрага

Повторно заминувам,
во потрага по вечноста,
стапалата,траги на песоктта ги оставам
во длабоки ископнини,ветрот да не ги однесе.
Во мислите подземно се губам
накај далечината каде телото го бара духот,
високо вознесувајќи се во небесните синила.

Над мене копнежот ме привлекува
со силна возбуда ме примамува.
Ме влече крај себе
магичното тркало на верата ме преродува.
Сакаме да бидеме љубени
а душата нешто однадвор бара
храна кон која пристапува со сласт
но со страв се влече кон неа.
Можеби желбата заборавот ја однел!

Уште ги има трагачите низ времето
неуморни талкачи по felisida*
Граничните премини не поврзуваат,
нераскинливо се држат гранките на јасенот,
со силна исповед се држат цврсто-
успаните тревки низ полето
и длабоко во мислите, гроб и копаат на осамеността.

Излегува магијата на површина
никој не сака да биде сам.


( 2005 година )

Friday, March 18, 2011

Заврна дожд. Денес се случи повторно душевно разголување. Денес луѓето трчаа брзо низ улиците,  се туркаа наоколу,  силно си ги прегрнуваа палтињата, со надеж да се сокријат од неочекуваните дождовни капки.  Набрзо се најдов на автобуската станица. Толпа луѓе се беа насобрале под покриената кабинка за чекање, и кога веќе немаше место, започнаа да се подредуваат надвор од неа под краевите на покривот. Макар и да не можеа да се заштитат целосно од дождот, доволно е  малку,ама сосема малку да го избегнат неговото  силно капење. Со забрзани чекори по улицата врвеа студенти со папки на главата, други си ги подигаа малку панталончињата за да не се измократ затоа што новиот скап костум не го заслжува тоа, други ги одбегнуваа баричките со штиклите за да не си ги повредат...  Од другата страна застана една девојка и си го извади огледалото од чантата Луис Витон, долго си го гледаше лицето, со очите превртуваше де на лево, де на десно, си ги гледаше образите, и таман да си извади сјајчето за усни БУМ КАМПКА на огледалцето. Каква несреќа. Ова немаше како да не ми ја одведе мислата кон сегашната ситуација во Јапонија, кон сите луѓе кој секојдневно страдат, а ние се грижиме да не си ја расипиме шминката. Особено за вакви настани е познато дека меѓународната заедница треба да биде обединета. Но таа меѓународна заедница не ја претставуваат само меѓународните институции или владите на државите. Таа меѓународна заедница сме ти и јас, тоа сме ние луѓето кое живееме под истото ова сонце, под истото ова небо,на истата оваа земја. Затоа ве повикувам вистински да сочувствуваме со овие луѓе, но не само на зборови, а искрено со срце.
Овој дожд не беше обичен дожд, овие капки дожд носеа порака. Чиста како пролетен дожд. Бидејќи има ли нешто поубаво од тоа да танцуваш на дождот, тој да те разголи и да те раскрие, така ти да дотрчаш кон љубимиот човек и тој да се вљуби во тебе?

Wednesday, March 9, 2011

ПАТИШТАТА НА ЖЕЛБАТА

Секогаш го сакаме она кое го немаме,
се полниме со јад и очај да го добиеме,
во нестрпливо исчекување
бараме пеперутки да ни разиграат во стомакот,
како минатиот пат кога победата беше наша.
Откопуваме нови кофчези,стари пронајдоци,
од нашите предци кога и нашето било нивно.
Отседлуваш еден коњ,па два,па три,
на секој му ставаш узда на вратот
и потковици на нозете
да те понесат кон среќата,
се додека не сфатиш дека пловиш во брод
и се движиш низ брзи води
кои неочекувано станале твој дом.

Во ноќите кога и штурците го зборуваа својот јазик
сфатив дека и тие не се разбираат,
како што и ние не знаеме што навистина сакаме,
скалило по скалило во забуна
се обидуваме да откриеме што навистина се случува.
Цвеќињата во вазата ја доживеале својата кратка судбина
можеби сами овенеле,или биле принудени,
но веќе одминале,станале минато,
кое сега делува и врз тебе.
Да,и едноставното веќе не е едноставно,
се се менува,а потоа станува изминато дејство
по кратко вознесување во облаците
се додека не паднеш наземја
и сфатиш дека и желбата станала твое минато.


(2004 год.)

Wednesday, February 16, 2011

ПОЕТСКА СОНУВАЛКА

Гледам упорно нагоре
и не можам да поверувам,
се е така неразбирливо чудно.
А кога облаците така се движат
и полната месечина немирно ме следи
знам дека нешто се случува.
Можеби поетот претерува
од ништо прави нешто
така му судат сите.

На челото потајно исткаена
лежи неговата судбина,
како сенка, на се она што било и не било 
во потонатите мугри.
Не се препозна во изворот,
стоеше како фигура што тони
со крвава кошула,испокинат живот.

Бесцелно да бара,да трага,а да не најде,
тоа беше гласот на потсвестта
кој го враќаше чекор назад.
Сите се тешат по лесен пат,
а тој тони во мрак
на бесони дни,
и на срце среќа-илузија.

Листот пресуши на гранката сува
со ноќи што бескрајно паѓа
над неговите рамена бели.
Стои така како здрвена статуета
маѓепсан од моќта на шарената светлина...
Во сон потонат,со љубопитен поглед.
И листот паѓа до неговото десно стапало.


(2005 година)




Поетично сънуване

Гледам упорито нагоре
и не мога да повярвам,
всичко е така неразбираемо чудно.
А когато облаците така се придвижват
и пълнолунието немирно ме следи
знам че нещо се случва.
Можеби поетът прекалява
от нищо прави нещо
така го съдят всички.

На челото потайно отпечатана
седи неговата съдба,
като сянка, на всичко онова което било и не било
в потъналите мугри.
Не се позна в извора,
стоеше като фигура която тони
с кървава риза, изпокъсан живот.

Безцелно да търси, да търси, а да не намери,
това беше гласа на подсъзнанието му
който го врщаше стъпка назад.
Всички се успокояват по лесен път,
а той тъне в мрак
на безсънни дни,
и на сърце щастие-илюзия.

Листът пресуши на гранката суха
с нощи който безкрайно пада
над неговите рамене бели.
Стои така като здървена статуя.
омагосан от шарената светлина...
В сън потънал, с любопитен поглед.
И листът пада до неговото дясно стъпало.

(Специален превод  за моята приятелка Ася: НИКОГА НЕ СПИРАЙ ДА СЪНУВАШ!)