Friday, March 18, 2011

Заврна дожд. Денес се случи повторно душевно разголување. Денес луѓето трчаа брзо низ улиците,  се туркаа наоколу,  силно си ги прегрнуваа палтињата, со надеж да се сокријат од неочекуваните дождовни капки.  Набрзо се најдов на автобуската станица. Толпа луѓе се беа насобрале под покриената кабинка за чекање, и кога веќе немаше место, започнаа да се подредуваат надвор од неа под краевите на покривот. Макар и да не можеа да се заштитат целосно од дождот, доволно е  малку,ама сосема малку да го избегнат неговото  силно капење. Со забрзани чекори по улицата врвеа студенти со папки на главата, други си ги подигаа малку панталончињата за да не се измократ затоа што новиот скап костум не го заслжува тоа, други ги одбегнуваа баричките со штиклите за да не си ги повредат...  Од другата страна застана една девојка и си го извади огледалото од чантата Луис Витон, долго си го гледаше лицето, со очите превртуваше де на лево, де на десно, си ги гледаше образите, и таман да си извади сјајчето за усни БУМ КАМПКА на огледалцето. Каква несреќа. Ова немаше како да не ми ја одведе мислата кон сегашната ситуација во Јапонија, кон сите луѓе кој секојдневно страдат, а ние се грижиме да не си ја расипиме шминката. Особено за вакви настани е познато дека меѓународната заедница треба да биде обединета. Но таа меѓународна заедница не ја претставуваат само меѓународните институции или владите на државите. Таа меѓународна заедница сме ти и јас, тоа сме ние луѓето кое живееме под истото ова сонце, под истото ова небо,на истата оваа земја. Затоа ве повикувам вистински да сочувствуваме со овие луѓе, но не само на зборови, а искрено со срце.
Овој дожд не беше обичен дожд, овие капки дожд носеа порака. Чиста како пролетен дожд. Бидејќи има ли нешто поубаво од тоа да танцуваш на дождот, тој да те разголи и да те раскрие, така ти да дотрчаш кон љубимиот човек и тој да се вљуби во тебе?

Wednesday, March 9, 2011

ПАТИШТАТА НА ЖЕЛБАТА

Секогаш го сакаме она кое го немаме,
се полниме со јад и очај да го добиеме,
во нестрпливо исчекување
бараме пеперутки да ни разиграат во стомакот,
како минатиот пат кога победата беше наша.
Откопуваме нови кофчези,стари пронајдоци,
од нашите предци кога и нашето било нивно.
Отседлуваш еден коњ,па два,па три,
на секој му ставаш узда на вратот
и потковици на нозете
да те понесат кон среќата,
се додека не сфатиш дека пловиш во брод
и се движиш низ брзи води
кои неочекувано станале твој дом.

Во ноќите кога и штурците го зборуваа својот јазик
сфатив дека и тие не се разбираат,
како што и ние не знаеме што навистина сакаме,
скалило по скалило во забуна
се обидуваме да откриеме што навистина се случува.
Цвеќињата во вазата ја доживеале својата кратка судбина
можеби сами овенеле,или биле принудени,
но веќе одминале,станале минато,
кое сега делува и врз тебе.
Да,и едноставното веќе не е едноставно,
се се менува,а потоа станува изминато дејство
по кратко вознесување во облаците
се додека не паднеш наземја
и сфатиш дека и желбата станала твое минато.


(2004 год.)