Беше топол летен ден. Цвеќињата беа расцутени, и нивната арома долетуваше полека до Сенди. Се движеше брзо, но во мислите го запираше времето, како да сакаше да ја вдише секоја мелодија која природата доброволно ја подаруваше. Асфалтот низ тесната улица по која што се движеше беше жежок и тоа дополнително го забрзуваше ритамот на веќе растрепереното срце. Полека капки пот се појавија на лицето на Сенди, и мораше да седне на една од клупите, за да земе воздух. По неколку вдишувања и издишувања, продолжи да чекори кон местото на средба. Имаше средба со луѓе кои допрва ќе ги запознаеше. А првите средби секогаш започнуваат со неверојатни немири, со она неизлечиво чувство дека тој прв впечаток ќе ти ја дефинира судбината. Набрзо се најде во Арт кафето и седна на слободното место до прозорецот. На секое отварање на вратата рефлексивно го подигаше погледот и брзо си ја местеше јаката на кошулата. Погледна во часовникот. Вратата се отвори. Сембри и Тори влегоа во кафенето , каде Сенди веќе ги чекаше. Погледнаа наоколу со надеж да се препознаат помеѓу наоколу наседнатите луѓе. Љубопитните погледи секундарно им се судрија и тие се придвижија кон Сенди. Со насмевка се поздравија и разговорот започна. Сембри и Тори беа сопственици на Арт-галерија во Париз, каде Сенди сакаше да ги представи своите слики. Сенди беше со срамежлива натура, и овојпат повторно влезе во борба со своите слабости , со она брзо зборување кога сакаш се да кажеш и ти се заплеткува јазикот и остануваш со впечатокот дека говориш безмислици, кимнуваш со главата на одобрување, иако во мислите си велиш: What the hell?, но не смееш да го кажеш за да не излезеш крајно безобразен. Тоа не беше Сенди. Вистинското лице на Сенди пројавуваше најголема сила на изразување во сликите кои ги работеше, само четката повлечена по платното ја раскриваше вистинската страсна природа која се криеше зад слабостта во притаената комуникација со околината.
Со списанието в раце седев грб со грб со Сенди. Пиејќи го кафето, намерно или ненамерно го наслушнав разговорот. Станав крајно љубопитна, нешто се случуваше на таа маса, помеѓу овие луѓе и јас добив бескрајна желба да ги раскријам. Сембри имаше наклонетост кон Сенди, тонот на неговиот глас ја имаше бојата на почеток на емоционално поврзување, и беше воодушевен од експресијата во сликите. Тори од друга страна беше од оние луѓе кои постојано мрмкаат и секогаш се стремат самоуверено да се издигнуваат над толпата, кои имат секогаш што да кажат и ја сметаат човечката природа за грешна и на која и е потребна постојано реновирање. Тој сметаше дека композицијата на сликите има хаотичност и не е доволно јасна, а тоновите имаат преголема светлина. Всуштност тој не беше доволно емоционален за да ја разбере перфектността во човечкото грешење, во недоискажаното и премолченото.
Драги пријатели, Сенди не е ниту маж, ниту жена, тоа е човекот- НИЕ. Ние , неуморните талкачи по бескрајна наклонетост од окoлината, заробени во играта со првите впечатоци, во оценките кои другите ни ги даваат нам. На цената да бидеме различни од самите нас. Во постојано бегство од својата суштност, од нашата грешна природа. Каква е оценката која си ја даваме ние за нас самите? Или е таа повторно основана на мислењето на другите. Секогаш ќе постојат луѓе на кои ќе бидеме драги или помалку драги, некои кои ќе не сметаат за убави, помалку убави, паметни или помалку паметни. Но, се додека работите на слика во која туѓи прсти се замешале, ризикувате да добиете само чкртаници по платното.
Бидејќи совршеността на едно дело е во невозможността докрај да биде предадена неговата вистинска творечка моќ. А таа емоција ја поседувате вистински само вие.
Много хубаво написана статия, с много хубаво послание, изобщо много ми хареса :-) Ти ли си авторът?
ReplyDeleteРадвам се че ти е харесала! Да, аз съм автора :)
ReplyDeleteИ да ти кажа има част в която ти си ми инспирация, ти си знаеш къде ;)
ReplyDelete