Случувањата во изминативе денови ја поставија под сомнежи демократијата во Македонија. Тоа што ни беше представено пред малите екрани многу наликуваше на некоја пародија или следна епизода од Долината на волците. Навистина е тешко човек да остане индиферентен кон оваа ситуација, бидејќи намерно или ненамерно сите не заплеткаа во нечија пајакова мрежа. Нам ни е поставен тројански коњ, но се надевам дека навреме ќе успееме да го препознаеме. Пред еден месец се зборуваше за опсада, сега за притвор, а за третиот муабет сеуште неизвесен за пошироката јавност сме во будно исчекување. Ова доби толку голема популарност не поради започната акција против организиран криминал или поради личностите кои беа поставени под сомнежи за извршените криминални дела, а поради начинот на кој некои од овие личности ја представија својата невиност от една страна, а пак од друга страна некои си дозволија да ја искористат својата висока должност за уредување на заплашителни спектакли под формата на масови апсења со црни џипови. Сега можеме да предлагаме различни претпоставки за идното развитие на настаните, но со сигурност ќе има победник и поразен во оваа недемократска битка во демократска држава.
Во четвртокот минатата недела околу 23 часот беше приведен собственикот на А1 телевизија, и како што можев да видам од тоа што беше прикажано на телевизијата , апсењето беше извршано во просториите на А1 телевизија, од страна на полицајци со црни маски на лицето, кои откако му ги поставија лисиците беше ставен во еден од црните џипови. Не би сакала да зборувам за вина или невиност затоа што немам достап до докази кои би ми дале одговор на ова прашање. Но судејќи по она што можев да го дофатам од медиумите не беше само ова неразрешано прашање, имаше, и сеуште има многу нејаснотии кои се кријат зад ова борба против организираниот криминал. Зошто ова се случи точно сега и на таков начин? Сведоци сме дека не е ова првата борба покрената против организираниот криминал, поранешниот претседател Киро Глигоров се зафати со истите мерки, но како што знаете завршија со атентат. Денес повторно започна таа борба, ќе се прави чистка но за период од 2005-2010 година. Се прашувам како некои реагирале на оваа временска рамка. Некои сигурно со пцуење, а некои со олекнување: Слава Богу, ми падна камен од срце! Одлуката да се прочита само последната страница од криминалната книга е малку или повеќе израз на неправедна правда. На ваков начин не може да биде отстранен проблемот, а само да ќе имаме привидно разрешавање на конфликтот кој ќе биде одолжен во времето.
Спектакуларност - селективна правда – тоталитаризам - организиран криминал - власт и опозиција – нарушена презумпција на невиност - не знам веќе колкупати ги изнаслушавме овие тешки зборови. Се води борба, а на повеќето им е сеуште нејасно каква борба тие всуштност водат. Апсењето кое се претвори во диктатура на властта, создаде впечаток за борба меѓу власт и опозиција, а не за средство на својата цел. Се согласувам дека треба да се води борба против организиран криминал, но таа борба треба да биде јасна, објективна и неподлежна на провладино влијание. А среде целиот овој хаос, некој како да сакаше народот да биде збунет и успеа во тоа. Медиумите кои се силата на демократијата се покажаа соучесници во создавањето на субјективна и неконцизна информација. Ова е психолошка војна, ни се прават операции на мозоците и не знам што ќе се случи кога ќе се разбудиме, а што за некој ќе биде полошо, ако тоа будење се случи среде операција. Кога политичарот го добива наименувањето лажго како компарација за должността која ја зазема, тоа значи дека ја изгубил довербата на народот. А сегашните натпревари за превласт во обвинувањата само го потврдуваат неадекватниот и некомпетентен одговор на поставената задача. Пред медумите повторно ни излегоа претенденти за подобро управување. Но, да се зафатиш да ја лекуваш раната на еден ранет човек е најтешката задача која може да ти биде предоставена и да успееш несреќата на граѓаните да ја преточиш во среќа не е само акт на празно ветување. Овде се работи за човек кој носи врз себе тешко бреме, ова е човек кој си легнува навечер со мислата како ќе ги прехрани своите деца, и се буди препотен со својата безнадежна судбина. Така додека креваме раце и со насмевки подмустаќи се смешкаме нека прво се подзамислиме за сериозността на нашата должност и ветување. Тоа го зборувам од аспект на најмалата, а сепак најголема единица од структурата на нашето општество - човекот. Сите погледнаа на овие случувања само така како што им беше сервирано, и погледнаа на бунтот од народот како реакција на нечие апсење. И затоа ги оставија настрана, со сигурност дека во безизлез ќе се повлечат. А тоа беше всуштност натрупано незадоволство во времето. Можеби и ќе се повлечат, но како што веќе споменав тоа ќе биде од чувството на безизлез. И повторно вниманието ќе биде отргнато кон нов проблем со цел да се однесе во заборав сегашната тензија во јавното мислење. Повторно ќе се направи обид за збунетост, а незадоволството ќе расте.
Меѓутоа, понекогаш ние избираме да и бидеме роб на судбината, а цената на овој избор е превисока, студена е како оваа зима. А од тоа многу повеќе губиме, отколку што добиваме. Навистина треба да се подзамислиме дали вреди и понатаму да се правиме глупави со надеж дека партиските книшки се билетот за остварување на нашите новогодишни мечти. Бидејќи како што гледате во еуфоријата и на оваа Нова Година ни се појавија многу Дедомразовци и подароци во блескави хартии и панделки. Одлично спакувани, но со празна содржина.
Само во моментот кога патот до нашите мечти ќе биде ослободен од предуслови, ќе бидеме сигурни дека Дедо Mраз конечно дојде и кај нас!
No comments:
Post a Comment